Новости и Соопштенија

Недела за консултации 21.04.2009 - 24.04.2009

 
 
Слика од Admin User
Недела за консултации 21.04.2009 - 24.04.2009
од Admin User - среда, април 15 2009, 10:57
 
Почитувани колеги,

Во согласност со академската практика на сите водечки универзитети во Европа, САД и други, средината на семестарот се одбележува со т.н. "reading week" или "седмица за консултации".

За МИТ Универзитетот оваа седмица ќе следи во деновите од 21.04 до 24.04.2009 година, веднаш после Велигденските празници, период во којшто нема да се одржуваат предавања и вежби.

Препорака до студентите е овој период да го посветат на подготовка на практичните проекти и семинарските трудови, како и продлабочување на академското знаење и совладување на тековната наставна материја.

Ви посакуваме убави Велигденски празници и успех во учењето,

Ректорат на МИТ Универзитет

OMNI SCIENTIA POTESTAS EST
(Само знаењето е моќ!)