Новости и Соопштенија

Студенти на МИТ Факултетот за информациски технологии добитници на владини стипендии

 
 
Слика од Кристијан Такашманов
Студенти на МИТ Факултетот за информациски технологии добитници на владини стипендии
од Кристијан Такашманов - понеделник, ноември 3 2008, 11:14
 
Почитувани студенти на МИТ Универзитетот,

Владата и Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за информатичко општество втора година по ред доделува стипендии за студенти кои, согласно со Конкурсот, се запишани на програми по информатика и кои претходната студиска година ги исполниле критериумите согласно Конкурсот за стипендии.
Меѓу добитниците на овогодинешните стипендии се два студента на МИТ Факултетот за информациски технологии, Ирена Попова и Филип Џуклевски, кои ги добија стипендиите врз основ на постигнатиот успех во изминатата студиска година. Наставниот кадар и административниот кадар при МИТ Униварзитетот им го честита успехот и им пожелува и понатаму да продолжат со напорна работа.
Воедно, ова нека биде поттик за сите останати студенти на МИТ Универзитетот да ги вложат сите напори во постигнување на слични и подобри резултати во студирањето.

МИТ Универзитет