Новости и Соопштенија

Пријавување на прва колоквиумска недела од летен семестар

 
 
Слика од Драгица Трајковска
Пријавување на прва колоквиумска недела од летен семестар
од Драгица Трајковска - четврток, март 7 2024, 9:42
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавување на прва колоквиумска недела од летен семестар ќе се спроведе во период од 11.03.2024 – 15.03.2024 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави за прв колоквиум  во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе или во оригинал или направена копија, во зависност од тоа колку колоквиуми ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Првата колоквиумска недела од летниот семестар ќе се одржи во период од 25.03.2024 – 29.03.2024 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат колоквиум.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.


Со почит,

МИТ Универзитет