Новости и Соопштенија

ОКТОМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

 
 
Слика од Драгица Трајковска
ОКТОМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
од Драгица Трајковска - вторник, октомври 4 2022, 10:23
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавувањето на испити за Октомвриска  испитна сесија (вонредна сесија) ќе се врши во период од 10.10.2022 - 17.10.2022 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците  да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија) , секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

Октомвриската  испитна сесија ќе се одржи во период од 25.10.2022- 31.10.2022 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во октомвриската сесија.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.


Со почит,

 МИТ Универзитет