Новости и Соопштенија

Пријавување на испити за Декемвриска испитна сесија

 
 
Драгица Трајковска 'ın resmi
Пријавување на испити за Декемвриска испитна сесија
yazan Драгица Трајковска - 5 Aralık 2021, Pazar, 18:51
 
Почитувани студенти, 


   Ве информираме дека пријавувањето на испити за Декемвриска испитна сесија (вонредна сесија) ќе се врши во период од 06.12.2021 - 13.12.2021 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања, секој работен ден од 09:00 -15:00 часот. 

   Декемвриската испитна сесија ќе се одржи од 20.12.- 24.12.2021 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите. 

   Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија. 


 Со почит, 

 МИТ Универзитет