Почитувани студенти,
Ве информираме дека пријавувањето на испити за Декемвриска испитна сесија (вонредна сесија) ќе се врши во период од 06.12.2021 - 13.12.2021 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања, секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.
Декемвриската испитна сесија ќе се одржи од 20.12.- 24.12.2021 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.
Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.
Со почит,
МИТ Универзитет