Почитувани студенти,
Ве информираме дека пријавувањето за полагање на испити за Септемвриската испитна сесија (редовна сесија) ќе се врши во период од 16.08. - 20.08.2021 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања, секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.
Септемвриската испитна сесија ќе се одржи од 30.08.-07.09.2021 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.
Сите студенти да извршат уплата на доспеаните тековни рати за школарина и други административни трошоци. Студентите кои нема да извршат уплатасогласно претходно кажаното, нема да можат да полагаат испити во септемвриската испитна сесија.
Се потсетуваат сите студенти дека е потребно да извршат уплата на 1 (прва) рата за академската 2021/2022 година и да извршат упис на семестар и потполнување на Образец ВОИ.20 за статистика.
Со почит,
МИТ Универзитет