Почитувани студенти,
Ве информираме дека пријавувањето на испити за Јулската испитна сесија (вонредна сесија) ќе се врши во период од 28.06. - 02.07.2021 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања, секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.
Јулската испитна сесија ќе се одржи од 05.07.-09.07.2021 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.
Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.
Со почит,
МИТ Универзитет