Новости и Соопштенија

Известување за предавање и работилница

 
 
Слика од Невена Цонева
Известување за предавање и работилница
од Невена Цонева - понеделник, мај 7 2018, 1:38
 

Почитувани,

Ве покануваме да присуствувате на предавање со работилница во рамките на клиничката настава во организација на Факултетот за безбедносни науки кое ќе биде одржано од страна на д-р Марија Ѓошева од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија како истакнат стручњак од практиката. 

Предавањето е во согласност со потпишаниот Меморандум за соработка и разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и МИТ Универзитетот и ќе биде одржано на 09.05.2018 година (Среда) во 10:00 часот во Амфитеатарот на МИТ Универзитет - Скопје (објект Аеродром).

Предавањето ќе биде на тема "ЗНАЧЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ДОКАЗИ ПРИ РАСВЕТЛУВАЊЕ НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА КОМПЈУТЕРСКИОТ КРИМИНАЛ" при што ќе биде одржана и работилница за начинот на обезбедување на електронските докази и составување на кривична пријава за извршено кривично дело од областа на компјутерскиот криминал.

ПРИСУСТВОТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСНИ НАУКИ, А ДОБРЕДОЈДЕНИ СЕ И СТУДЕНТИТЕ И НАСТАВНО-СОРАБОТНИЧКИОТ КАДАР ОД ДРУГИТЕ ФАКУЛТЕТИ НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТ