Почитувани студенти,
Во среда на 09.05.2018 година, МИТ Факултетот за архитектура организира еднодневна наставна екскурзија за студентите од прва, втора и трета година на Факултетот за архитектура. Студентите ќе имаат можност да ја посетат Кристалната Пештера во Дебар, фабриката „КНАУФ“ и манастирот Св.Јован Бигорски. Зборно место на поаѓање е паркингот пред МИТ Универзитет во населба Аеродром во 07 часот.
Присуството е задолжително!