Почитувани,
На ден 12.03.2018 година, во 11.00 часот, во Амфитеатар 1 при МИТ Универзитет (објект Сити Галери, Плоштад Македонија), ќе гостува м-р Весна Блажевска од Невладината организација - АРМАИТА, на тема „Хуманиот пристап спрема човекот не ја избира професијата“.
Присуството на сите студенти од Факултетот за безбедносни науки е задолжително, а добредојдени се студентите и наставно-соработничкиот кадар од сите факултети.
Факултет за безбедносни науки