Почитувани,
Факултетот за безбедносни науки, МИТ Универзитет - Скопје, во ко-организација со ИСЛАА (Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација) Ве покануваат на предавање на тема
„НУКЛЕАРНОТО РАЗОРУЖУВАЊЕ ВО МУЛТИПОЛАРНИОТ СВЕТ“.
Предавањето ќе биде реализирано од страна на Неформалната студентска група "Млади за разоружување", во рамките на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје "ICAN", со поддршка на ERASMUS+ и здружението "Поддршка-Права-Пристап-Србија" во петок, 13 мај 2016 година, 11:00 часот, во Амфитеатар 1, МИТ Универзитет - Скопје, објект Центар (City Gallery) со следната агенда:
11:00-11:10
Воведно обраќање и претставување на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје - International Campaign to Abolish Nuclear weapons (ICAN)
11:10-11:25
Нуклеарниот арсенал во светот
Марко Вучковиќ, Факултет за безбедност, Универзитет во Белград
11:25-11:40
Нуклеарен тероризам
Алдин Буквиќ, Факултет за политички науки, Универзитет во Сараево
11:40-12:00
Последици на нуклеарното оружје
Госпава Стојановиќ, Факултет за безбедност, Универзитет во Белград
12:00-12:30
Дискусија
Заклучок од дискусијата и завршни обраќања
Предавањето е задолжително за студентите од Факултетот за безбедносни науки, a добредојдени се студентите од другите факултети, како и наставно-соработничкиот кадар при МИТ Универзитет - Скопје.