Почитувани,
Во име на деканот, проф. д-р Александар Дончев, ве известувам дека во организација на Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија при МИТ Униветзитет Скопје ќе биде одржано експертско предавање на тема: „Придонесот на АРМ во мировните мисии“ од страна на доц. д-р Жанет Ристоска, експерт од Министерството за одбрана на РМ. Предавањето ќе се одржи на ден 10.05.2016 (вторник) со почеток во 10:30 во амфитеатар I, во објектот на МИТ Универзитет на Плоштад Македонија, Сити Галери, II спрат.
Предавањето е задолжително за студентите на Факултетот за правни науки и Факултетот за бебзбедносни науки при МИТ Универзитет кои го слушаат предметот Меѓународно хуманитарно право, а воедно е отворено за сите заинтересирани студенти или наставен кадар од МИТ Универзитет.