Новости и Соопштенија

Известување за експертско предавање на амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак

 
 
Слика од Admin User
Известување за експертско предавање на амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак
од Admin User - понеделник, ноември 16 2015, 2:28
 
Почитувани,

Наша особена чест и задоволство е да ве известиме дека Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија во рамките на своите наставни и програмски активности, во соработка со Дипломатскиот клуб на Република Македонија, организира предавање на амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак, на тема: „Аспекти на актуелната руска надворешна политика“.
Предавањето ќе се одржи во просториите на МИТ Универзитет (објект Сити галери) во четврток, 19.11.2015 со почеток во 11 часот.

Присуството е отворено за сите студенти и заинтересираниот наставен кадар.

Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија