Новости и Соопштенија

Известување за експертско предавање на Факултетот за безбедност, криминологија и финансиска контрола

 
 
Слика од Admin User
Известување за експертско предавање на Факултетот за безбедност, криминологија и финансиска контрола
од Admin User - понеделник, мај 11 2015, 2:01
 
Почитувани,

Ве известуваме дека во четврток, 21.05.2015 година, со почеток во 10:00часот, во Амфитеатар 1, ќе се одржи експертско предавање од проф. д-р Карл Јанас, декан на Факултетот за политички науки „Александар Дупчек“ - Тренчин, Р. Словачка, на тема „Јавната администрација во Република Словачка и нејзината улога во менаџирањето на кризите“. Воедно ќе бидат презентирани неговите два учебника во областа на кризниот менаџмент на локално ниво.

Предавањето е отворено за сите заинтересирани, а задолжително за студентите на Факултетот за безбедност, криминологија и финансиска контрола.

Со почит,
Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола