Новости и Соопштенија

Известување за предавање на Факултетот за психологија

 
 
Слика од Admin User
Известување за предавање на Факултетот за психологија
од Admin User - петок, ноември 7 2014, 1:40
 
Почитувани студенти,

Во четврток, 13 ноември, во 14 часот во амфитеатар 1 на МИТ Универзитет м-р Катерина Наумовска-Ристовска, магистер по клиничка психологија со долгогодишно работно искуство и сертифициран тренер по емоционална писменост, ќе одржи предавање на тема „Емоционална интелигенција“.
Поканети се сите студенти на МИТ Универзитет, а посебно студентите на Факултетот за психологија.

Со почит,
МИТ Факултет за психологија