Почитувани студенти,
Ве потсетуваме за следните:
Правила за редовност на предавања
Согласно општите акти на Универзитетот, студентите се должни да посетуваат најмалку 72 % од наставата. Овој процент значи 9 недели задолжително присуство во текот на семестарот. Во случај на болест, горенаведениот период може да биде намален до 7 недели присутност. Студентите кои нема да го испочитуваат горенаведениот праг на присуство по некој од предметите, нема да можат да го полагаат испитот по тој предмет туку ќе мораат истиот да го презапишат (слушаат) во наредната академска година.
Со почит,
Студентска служба
МИТ Универзитет