Почитувани студенти на Факултет за менаџмент, насока Безбедност и Финансиска контрола,
Ве известуваме за произлезена можност за остварување на практична работа во летниот период, во времетраење од 30 дена во Народна Банка на Република Македонија – НБРМ.
Во студентската служба има доставено Барање за извршување на практична работа, кое што секој од вас кој е заинтересиран, потребно е да го пополни. Покрај ова барање од студентска служба ќе биде потребно да побарате потврда која што ќе содржи податок за вашите лични податоци и вашите досегашни просечни оценки.
Како термин за извршување на практичната работа, во Барањето е назначен 10.06 – 10.07.2012 година, но во согласност со достапноста на место во дирекциите на НБРМ, истиот може од нивна страна да биде коригиран.
При доставување на овие барања, надлежните во НБРМ своите кандидати ќе ги изберат на основа на редослед на пријавени студенти, нивниот успех, како и соодветна застапеност на високообразовните установи.
Комплетните документи (Барање за извршување на практична работа и потврда за просечни оценки) да се достават во архивата на Народна Банка на Република Македонија или по пошта на следнава адреса: бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1, Скопје, најдоцна до 02.05.2012 година, со назнака „за практична работа“.
Со почит,
м-р Катерина Вељановска