Новости и Соопштенија

Известување за термини за септемвриска сесија

 
 
Слика од Admin User
Известување за термини за септемвриска сесија
од Admin User - четврток, август 18 2011, 10:55
 
Почитувани студенти,

Ве известуваме за следните термини за редовна септемвриска сесија и запишување на наредната академска година:
• пријавување испити за редовна септемвриска испитна сесија: 22.08. - 26.08.2011 година
• септемвриска испитна сесија: 07.09. - 12.09.2011 година
• запишување на академската 2011/2012 година: 13.09. – 14.09.2011 година. За уписот се плаќа надомест од 600 денари.
При уписот на академската година, сите вонредни студенти задолжително треба да приложат М1/М2 образец за вработување, односно лекарско уверение од надлежна здравствена институција. Во спротивно нема да можат да ја запишат годината.
При уписот на академската година, сите редовни студенти задолжително треба да приложат потврда за извршена студентска пракса. Во спротивно, ќе немаат право на полагање испити од годината која ја запишуваат, сè додека не ја приложат потврдата. При тоа, ќе следуваат санкции во вид на парична казна соодветна на бројот на кредити за студентската пракса.

Ви посакуваме успешна сесија.
МИТ Универзитет