Новости и Соопштенија

Соопштение за начин на плаќање на административни такси

 
 
Слика од Admin User
Соопштение за начин на плаќање на административни такси
од Admin User - среда, 9 февруари 2011, 15:10
 
Почитувани студенти,

Ве известуваме дека уплатата на адмиистративните такси може да се изврши со налог за јавни приходи (образец ПП50) на следниов начин:

pp50

Полињата означени со ХХХ се пополнуваат со ознаката на општината во која има адреса уплатувачот на таксата (студентот).
Список на општини со ознаки во Република Македонија

Напомена:
  • Личните податоци на уплатницата ПП50 (име, презиме, адреса на живеење и ЕМБГ) задолжително да бидат од студентот што го поднесува образецот што подлежи на административна такса.
  • Задолжително да се внесе цел на дознака: административна такса за ХХХХ - ХХХХ значи запишување на називот на образецот кој подлежи на административна такса (пријава за испит, пријавен лист за упис на факултетите, формулар за запишување семестар, формулар за заверка на семестар, административна такса за молба/ барање за испис итн.)
Уплатниците треба да бидат точно пополнети, бидејќи в оспротивно уплатите нема да бидат признати.
При пријавување на испит да се достави посебна уплатница за секоја пријава.

Студентска служба
МИТ Универзитет