Новости и Соопштенија

Пријавување на кандидати за избор на Студентски парламент

 
 
Слика од Admin User
Пријавување на кандидати за избор на Студентски парламент
од Admin User - петок, октомври 8 2010, 1:18
 
Почитувани студенти,

Согласно Одлуката за распишување избори за членови на Студентски парламент донесена од Сенатот на МИТ Универзитет, ќе бидат распишани избори за членови на Студентски парламент.
Право да бираат и да бидат избрани за членови на Студентскиот парламент имаат сите редовни студенти на МИТ Универзитетот.
Студентскиот парламент го сочинуваат по тројца редовни студенти од сите факултети на Универзитетот, кои се избираат по пат на гласање.
Сите заинтересирани кандидати за членови на:
  • Изборна комисија за спроведување на постапката за избор на членови на Студентски парламент, да пополнат образец (превземи овде)
  • Избирачки одбор за спроведување на постапката за избор на членови на Студентски парламент, да пополнат образец (превземи овде)

Сите пополнети обрасци да се достават лично најдоцна до среда, 13.10.2010 година, кај асистентите м-р Ана Доневска - Тодорова, Невена Ристова или Сања Николиќ, во период од 9 до 15 часот.