Новости и Соопштенија

Известување за сите студенти кои ги немаат подмирено финансиските обврски за студирање

 
 
Слика од Admin User
Известување за сите студенти кои ги немаат подмирено финансиските обврски за студирање
од Admin User - среда, мај 19 2010, 12:13
 
Почитувани студенти,

Според финансиските евиденции на МИТ Универзитет и Договорите за студирање и покрај известувањето поставено на 12.05.2010г. за подмирување на финансиските обврски, голем дел од студентите ги немаат подмирено обврските за студирање.

Ве известуваме дека секој студент (на додипломски и постдипломски студии) кој нема да ги подмири своите финансиски обврски, најдоцна до 25.05.2010 година, нема да може да продолжи со полагања на парцијалните испити (колоквиуми), одбрана на семинарски трудови, полагање на испити, завршни испити и одбрана на дипломски и магистерски трудови.

Се задолжуваат студентите со себе да носат индекс при секое полагање, а во спротивно нема да можат да го остварат своето право на полагање.

Со почит,
Ректор на МИТ Универзитет