• МИТ Универзитет

Новости и Соопштенија

Распоред за колоквиуми 09.11-13.11.2026 на ФПНМОД

by Драгица Трајковска -

Почитувани студенти,

во прилог е распоредот за колоквиуми, прва колоквиумска недела, од 09.11-13.11.2026 на Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија.

Со почит,

МИТ Универзитет

НОЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

by Драгица Трајковска -

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека пријавувањето на испити за Ноемвриска испитна сесија (вонредна сесија) ќе се спроведе во период од 9.11.2026 - 13.11.2026 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку испити ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Ноемвриска испитна сесија ќе се одржи во период од 23.11.2026 - 27.11.2026 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во ноемвриска испитна сесија.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.

НАПОМЕНА:  Студентите кои се запишани на Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, пријавувањето на ноемвриска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.

Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет, Факултет за психологија и Факултет за архитектура, пријавувањето на ноемвриска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.

 

 Со почит,

 МИТ Универзитет

Распоред за октомвриска испитна сесија ФБН во академската 2026/2027 година

by Драгица Трајковска -

Почитувани студенти,

во прилог е распоредот за октомвриска испитна сесија на Факултет за безбедносни науки во академската 2026/2027 година

Октомвриска испитна сесија на ФПНМОД во академската 2026-2027 година

by Драгица Трајковска -

Почитувани студенти,

Во прилог е Распоредот за полагање во Октомвриска испитна сесија на Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија во академската 2026/2027 година.

Со почит,

МИТ Универзитет

Пријавување на прва колоквиумска недела од зимски семестар

by Драгица Трајковска -

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека пријавување на прва колоквиумска недела од зимски семестар ќе се спроведе во период од 26.10.2026 – 30.10.2026 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави за прв колоквиум во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе или во оригинал или направена копија, во зависност од тоа колку колоквиуми ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Полагањето на првата колоквиумска недела од зимскиот семестар ќе се одржи во период од 9.11.2026 – 13.11.2026 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат колоквиум.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.

НАПОМЕНА:  Студентите кои се запишани на Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, пријавувањето на колоквиуми ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.

Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет, Факултет за архитектура и Факултет за психологија, пријавувањето на колоквиуми ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.

 

Со почит,

МИТ Универзитет

Older topics...