Новости и Соопштенија

Пријавување на прва колоквиумска недела од зимски семестар

Пријавување на прва колоквиумска недела од зимски семестар

by Драгица Трајковска -
Number of replies: 0

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека пријавување на прва колоквиумска недела од зимски семестар ќе се спроведе во период од 26.10.2026 – 30.10.2026 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави за прв колоквиум во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе или во оригинал или направена копија, во зависност од тоа колку колоквиуми ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Полагањето на првата колоквиумска недела од зимскиот семестар ќе се одржи во период од 9.11.2026 – 13.11.2026 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат колоквиум.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.

НАПОМЕНА:  Студентите кои се запишани на Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, пријавувањето на колоквиуми ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.

Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет, Факултет за архитектура и Факултет за психологија, пријавувањето на колоквиуми ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.

 

Со почит,

МИТ Универзитет