Новости и Соопштенија

Свеченост по повод почетокот на новата академска 2009/2010 година

 
 
Picture of Admin User
Свеченост по повод почетокот на новата академска 2009/2010 година
by Admin User - Monday, 28 September 2009, 1:03 PM
 
Почитувании студенти на МИТ Факултетите,

Задоволство ни е да Ве известиме дека академската 2009/2010 година свечено ќе започне во Четврток, на 01.10.2009 година со почеток во 19:15 часот, во просториите на Драмски театар Скопје (населба Карпош). Свеченоста ќе се одвива по следнава програма:

19:00 - 19:15 : Прием на гости.
19:15 – 20:00 :
Отварање на Првиот академски час; Обраќање на основачот на МИТ Универзитет; Прогласување на најдобрите студенти во академската 2008/ 2009 година и доделување на стипендиите „Митра Каравилеска Војческа” и „Бранко Ивановски” .
20:00 : Театарска претстава „Демонот од Дебар маало” , во чест на почетокот на академската 2009/2010 година на МИТ Универзитет


МИТ Универзитет Ви го честитаат почетокот на семестарот и Ви посакуваат успешна учебна година.