Новости и Соопштенија

Известување за студентите од МИТ Универзитет

 
 
Admin User 'ın resmi
Известување за студентите од МИТ Универзитет
yazan Admin User - 17 Temmuz 2009, Cuma, 20:41
 

Почитувани,


Ве известувам дека ги потпишавме договорите со Македонски Телеком, Тутунска Банка, Министерство за екологија, ЕЦС Компјутери и Неоком, за спроведување на Вашата практична обука.

Секој студент ќе биде известен каде и во кој период ќе ја врши обуката. Се надевам дека секој од Вас ќе ги почитува кодексите на однесување во институцијата во која ќе биде испратен. Не се сомневам дека Вашето однесување и залагање ќе допринесе за достојно презентирање на институцијата МИТ Универзитет. Верувам во Вас, во Вашето знаење кое го стекнавте и се надевам дека во иднина ќе бидете уште подобри. Нашето мото: На МИТ студираат најдобрите - Ве обврзува да се покажете како најдобри.


Во истовреме, Ве известувам дека со договорите кои вчера ги потпишавме за размена на студенти, Вие ќе можете од идната година да претстојувате одреден период во некој од реномираните Европски Универзитети, каде што ќе ги збогатите своето знаење и искуство.

Ви ги пренесувам поздравите од новите 130 студенти од Република Турција кои идната година заедно со Вас одбраа да студираат токму на МИТ Универзитетот. Истите мораме да ги пречекаме достојно, презентирајќи ја нашата земја но и нашиот Универзитет. Нивна желба е да во месец ноември ја посетиме Република Турција и бесплатно една недела Вие да бидете нивни гости.


Ви посакувам убав одмор, но исто така Ве потсетувам дека сите оние кои не успеале да ги положат испитите, да не заборават дека септемвриската сесија е пред нив, да се одмораат и да учат, за во октомври заедно се радуваме на постигнатите успеси.



Со почит,

Билјана Апостолова