Новости и Соопштенија

Конкурс за запишување студенти на прв циклус додипломски студии во учебнaта 2009/2010 година

 
 
Слика од Admin User
Конкурс за запишување студенти на прв циклус додипломски студии во учебнaта 2009/2010 година
од Admin User - среда, 6 мај 2009, 10:15
 

К О Н К У Р С

За запишување студенти на прв циклус додипломски студии во учебната 2009/2010 година

Во согласност со член 108 став 4 од Законот за високо образование (Сл.в. на Р.М. бр. 35/2008), МИТ Факултетот за менаџмент, МИТ Факултетот за компјутерски науки и технологии, МИТ Факултетот за архитектура, МИТ Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси, МИТ Факултетот за менаџмент на еколошки и рурален туризам и МИТ Академијата за гастрономија со седиште на ул. Трета Македонска Бригада бб, објавува

К О Н К У Р С

За запишување студенти на прв циклус додипломски студии на:

1. МИТ Факултетот за менаџмент

- Финансиски менаџмент

- Здравствен менаџмент

- Менаџмент на јавна администрација и локална самоуорава

- Финансиска контрола и безбедност

2. МИТ Факултетот за компјутерски науки и технологии

- Веб програмирање

- Системска Администрација

- Бизнис информатика

- Системско инженерство

3. МИТ Факултетот за архитектура

- Урбанизам

- Проектирање

- Дизајн

4. МИТ Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси

- Агро бизнис

- Менаџмент на водни ресурси

- Менаџмент на растителен и животински свет

5. МИТ Факултет за менаџмент на еколошки и рурален туризам

- Еко туризам

- Рурален туризам

6. МИТ Академијата за гастрономија

во учебната 2008/2009 година.


2. Услови и критериуми за запишување

2.1 Услов за запишување на прв циклус додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во академската 2008/2009 година е положена државна матура или меѓународна матура.

2.2 Право за запишување на прв циклус додипломски студии можат да имаат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно образование со четиригодишно траење, доколку на конкурсот во првиот уписен рок не се јават доволен број кандидати кои ги исполнуваат условите од точка 2.1.

2.3 Услов за запишување на прв циклус додипломски студии за лица кои завршиле образование во учебната 2006/2007 год. и порано е завршено четиригодишно средно образование во средни училишта, кои се верифицирани од страна на Министерството за образование и наука.

Право за запишување на прв циклус додипломски студии имаат и кандидати државјани на Република Македонија, кои средно образование завршиле во странство, како и странски држвјани.

Начинот на студирање се изведува во просториите на МИТ Унивеерзитет или преку далечинско учење (distance learning)

2.4 Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студентите во износ од:

- 1500 ЕУР на МИТ Факултет за компјутерски науки и технологии и МИТ Факултет за Архитектура, во денарска противвредност според средниот курс на приватните менувачници за една студиска година и истиот може да се плати во готово, семестрално или на три рати.

- 1300 ЕУР на МИТ Факултет за менаџмент, во денарска противвредност според средниот курс на приватните менувачници за една студиска година и истиот може да се плати во готово, семестрално или на три рати.

- 1000 ЕУР на МИТ Факултет за менаџмент на еколошки ресурси, МИТ Факултет за менаџмент на еколошки и рурален туризам и МИТ Академија за гастрономија, во денарска противвредност според средниот курс на приватните менувачници за една студиска година и истиот може да се плати во готово, семестрално или на три рати.

3. Факултетот одобрува 5% попуст од вкупниот износ за школарина во академската 2009/2010 година за сите студенти кои ќе потполнат пријава за упис веднаш и ќе уплатат 500 ЕУР во денарска противвредност по средниот курс на еврото во приватните менувачници, како и 5% семеен попуст.

4. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.

4.1 Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите можат да освојат најмногу 100 поени и тоа:

- Општиот успех пстигнат по сите предмети учествува со 60 %,

- Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит учествува со 40%.

4.2 Основни критериуми за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус додипломски студии за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.

5. Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето за запишување, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

1. Пријавен лист за запишување (го добиваат на Факултетот);

2. Оригинални свидетелства од сите класови;

3. Соодветни документи за завршена државна матура;

4. Извод од матичната книга на родените и

5. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение).


МИТ Универзитет Скопје