Новости и Соопштенија

ITIL v.3 Foundation - обука и сертификација на МИТ Универзитет

 
 
Picture of Васе Тушевски
ITIL v.3 Foundation - обука и сертификација на МИТ Универзитет
by Васе Тушевски - Tuesday, 7 April 2009, 4:46 PM
 
Почитувани студенти во II година на МИТ Факултет за Менаџмент и МИТ Факултет за компјутерски науки и технологии, како и сите останати коишто го имате слушано предметот Управување со информатички услуги кај проф. д-р. Ванчо Чабуковски.

Како што Ве известивме во текот на наставата по предметот, предметната програма ја поврзавме со ITIL v.3 Foundation сертификатот за управување со информатички услуги. Во нашите контакти со itSMF и IFC успеавме да издејствуваме голем попуст за Ваше следење на настава по ITIL v.3 Foundation и полагање за добивање на сертификатот.

Доколку формираме група од 20 студенти, има можност, за САМО 100 ЕВРА, да посетувате 3-дневна настава од сертифициран предавач од Англија, и да полагате испит за добивање на сертификат. Можни термини за посетување на настава се:
- 23-25 мај 2009 година
- 24-26 мај 2009 година
Место на одржување на обуката и полагањето ќе биде МИТ Универзитет.

Мислам дека не треба да Ве потсетувам дека ITIL v.3 Foundation сертификатот е поддржан директно од владата на Велика Британија и претставува Ваша одлична можност како за вработување во најпрестижните македонски фирми и институции така и за идно напредување во Вашата професионална кариера.

Ги замолувам сите заинтересирани студенти на МИТ Универзитет кои ги прифаќаат овие услови да испратат електронска порака на следнава адреса: vase.tusevski@mit.edu.mk , најдоцна до среда, 08.04.2009 година, до 10 часот за да можеме да ја формираме групата.

Однапред благодарам на Вашата соработка,
Васе Тушевски
МИТ Универзитет