Почитувани студенти,
Ве информираме дека Заверка на зимски семестар за академската 2023/24 година ќе се врши во период од 15.01.2024 – 22.01.2024 година. Потребно е сите студенти да пополнат семестрален лист за заверка на семестар во службата за студентски прашања со приложена уплатница (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.
Ве замолуваме за ажурност и редовност, со цел непречено одвивање на Вашиот академски статус.
Со почит,
МИТ Универзитет