Новости и Соопштенија

ФЕВРУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

 
 
Слика од Драгица Трајковска
ФЕВРУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
од Драгица Трајковска - недела, јануари 7 2024, 4:58
 

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека пријавувањето на испити за Февруарска  испитна сесија (редовна сесија) ќе се врши во период од 15.01.2024 – 22.01.2024 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија, онолку испити што ќе полагате), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

 

Февруарската испитна сесија ќе се одржи во период од 29.01.2024 – 02.02.2024 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

 

Студентите кои ги положиле и двата колоквиуми, ќе треба да дојдат во службата за студентски прашања да пополнат пријава за испит за да може оценката да биде внесена во пријавата.

 

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во февруарска сесија, ниту пак оценките од положените колоквиуми нема да можат да бидат озваничени.

 

 

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.



Со почит,

МИТ Универзитет