Новости и Соопштенија

Пријавување за втора колоквиумска недела од зимскиот семестар

 
 
Picture of Драгица Трајковска
Пријавување за втора колоквиумска недела од зимскиот семестар
by Драгица Трајковска - Thursday, 7 December 2023, 9:49 AM
 

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека пријавување на втората колоквиумска недела од зимскиот семестар ќе се спроведе во период од 11.12.2023 – 15.12.2023 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави за колоквиум и семинарска работа во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку колоквиуми ќе пријавите), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

Втората колоквиумска недела од зимскиот семестар ќе се одржи во период од 25.12.2023 – 29.12.2023 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.

 

Со почит,

МИТ Универзитет