Новости и Соопштенија

ЈУЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

 
 
Драгица Трајковска 'ın resmi
ЈУЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
yazan Драгица Трајковска - 20 Haziran 2023, Salı, 09:43
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавувањето на испити за Јулската испитна сесија (вонредна сесија) ќе се спроведе во период од 26.06.2023 - 28.06.2023 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку испити ќе пријавите), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

Јулската испитна сесија ќе се одржи во период од 03.07.2023 - 07.07.2023 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во јулската сесија.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.


 Со почит,

 МИТ Универзитет