Новости и Соопштенија

Пријавување на втора колоквиумска недела од летен семестар

 
 
Слика од Драгица Трајковска
Пријавување на втора колоквиумска недела од летен семестар
од Драгица Трајковска - среда, мај 3 2023, 11:25
 

Почитувани студенти,


Ве информираме дека пријавување на втора колоквиумска недела од летен семестар ќе се спроведе во период од 08.05.2023 – 12.05.2023 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави (за втор колоквиум и семинарска работа) во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку испити/колоквиуми ќе пријавите), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

Втората колоквиумска недела од летниот семестар ќе се одржи во период од 22.05.2023 – 29.05.2023 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат колоквиум.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на колоквиумската недела.


Со почит,

МИТ Универзитет