Новости и Соопштенија

Свеченост по повод новата академска година

 
 
Picture of Admin User
Свеченост по повод новата академска година
by Admin User - Wednesday, 1 October 2008, 12:43 PM
 
Почитувании студенти на МИТ Факултетите,

Задоволство ни е да Ве известиме дека академската 2008/2009 година свечено ќе започне во Четврток, на 02.10.2008 година со почеток во 18:15 часот, во просториите на Драмски театар Скопје (населба Карпош). Свеченоста ќе се одвива по следнава програма:

18:15 - 18:30 : Прием на гости.
18:30 – 18:40 :
Отварање на Првиот академски час и поздравен говор на деканите на МИТ Факултетот за менаџмент и МИТ Факултетот за информациски технологии.
18:40 – 18:45 : Обраќење до идните студенти од страна на претставник на Студентската организација на МИТ Факултетите.
18:45 – 19:00 : Прогласување на најдобрите студенти во академската 2007/ 2008 година и доделување на стипендија „Митра Каравилеска Војческа” за бесплатно студирање на МИТ Факултет за информациски технологии и стипендија „Бранко Ивановски” за бесплатно студирање на МИТ Факултет за менаџмент.
19:00 – 20:00 : Театарска претстава „Умри машки” , во чест на почетокот на академската 2008/2009 година на МИТ факултетите
20:15 : Свечен коктел.

MIT Факултетите Ви го честитаат почетокот на семестарот и Ви посакуваат успешна учебна година.