Новости и Соопштенија

МАЈСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

 
 
Слика од Драгица Трајковска
МАЈСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
од Драгица Трајковска - вторник, мај 3 2022, 3:37
 

          Почитувани студенти,


              Ве информираме дека пријавувањето на испити за Мајската испитна сесија (вонредна сесија) ќе се спроведе во период од 09.05.2022 - 13.05.2022 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците  да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија), секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.

Мајската испитна сесија ќе се одржи во период од 23.05.2022- 30.05.2022 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во мајската сесија.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.


Со почит,

 МИТ Универзитет