Почитувани студенти,
Ве информираме дека пријавувањето на испити за Ноемвриска испитна сесија (вонредна сесија) ќе се врши во период од 09.11.2021- 12.11.2021 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања, секој работен ден од 09:00 -15:00 часот.
Ноемвриската испитна сесија ќе се одржи од 22.11.- 26.11.2021 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.
Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.
Со почит,
МИТ Универзитет