Новости и Соопштенија

СЕПТЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА, АКАДЕМСКА 2020/2021 ГОДИНА

 
 
Picture of Елеонора А.
СЕПТЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА, АКАДЕМСКА 2020/2021 ГОДИНА
by Елеонора А. - Thursday, 20 August 2020, 3:00 PM
 


Почитувани студенти,

Пријавувањата за септемвриска испитна (редовна ) сесија ќе се вршат од 1ви - 4ти септември.

Полагањето за септемвриска испитна (редовна) сесија ќе се врши од 14ти - 18ти септември.

Доколку испитите не се пријават во предвидениот рок, односно се уплаќаат следната недела од предвидениот рок, во цената на испитот ќе биде вклучена казна за задоцнето пријавување, а истите треба да бидат пријавени најдоцна до почетокот на испитната сесија, односно 14ти септември.

Студентите се должни пред полагање на одредениот предмет кој го пријавиле, да ја приложат уплатницата на професорот.

Истата потребно е да има пополнето цел на дознака ( име на предметот кој се пријавува) и да биде пријавена во предвидениот рок за уплата на испити во септемвриска испитна сесија.

Студентите кои нема да приложат уплатница уплатена во предвидениот рок, со цел на дознака (име на предметот кој го полагаат) нема да имаат можност за полагање на истиот.

Поради ситуацијата со ковид 19, ве замолуваме навремено и точно да ги извршувате предвидените задолженија, се со цел навремено и точно да ги исполниме предвидените активности за месец септември.


Со почит,

МИТ Универзитет