Новости и Соопштенија

Известување до студентите од втора година на МИТ Факултетот за информациски технологии

 
 
Слика од Admin User
Известување до студентите од втора година на МИТ Факултетот за информациски технологии
од Admin User - среда, септември 3 2008, 10:57
 
Се известуваат сите студенти запишани во втора година на МИТ Факултетот за информациски технологии дека во периодот од 15 Септември заклучно со 26 Септември 2008 год. ќе се организира подготвителна настава за совладување на програмскиот јазик Java и програмската околина за изработка на Java базирани апликации Eclipse. Наставата ќе се одржува во Понеделник, Среда и Петок во студентската лабораторија, и тоа од 10:00 до 12:00 часот за I група, и од 12:30 до 14:30 за II група. Групите остануваат исти како во претходниот семестар.

Трошоците за подготвителната настава се целосно покриени од страна на МИТ Факултетот за информациски технологии. Треба да се истакне дека подготвителната настава е од посебно значење за студентите, и истата ќе овозможи активно вклучување и совладување на материјалот опфатен во предметите Алгоритми и Структури на податоци од третиот семестар. Програмскот јазик Java ќе се користи како во предавањата, така и во изработка на лабораториските вежби за горенаведените предмети, но исто така и во други предмети од последователните семестри.

Со почит,

МИТ Факултет за информациски технологии.