Новости и Соопштенија

ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРАКСАТА

 
 
Admin User 'ın resmi
ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРАКСАТА
yazan Admin User - 3 Eylül 2008, Çarşamba, 10:55
 
Почитувани студенти на МИТ Факултетите,

Согласно одлуката донесена на наставно-научниот совет на МИТ Факултетите одржан на 3 Септември 2008 год., задолжителната пракса за студентите предвидена да се одржи на крајот од прва година и втора година, се прераспределува соодветно на крајот од втора и трета година. Одлуката е донесена со цел студентите да ги продлабочат своите знаења и со тоа се стекнат со темелна подлога како предуслов за поуспешно совладување на праксата. Воедно, како дополнителна придобивка, праксата предвидена за третата година на студии дел од студентите ќе можат да ја искористат за работа на проблематика поврзана со нивниот дипломски труд во рамките на компанијата во која ќе бидат распределени.

Ние како високо-образовна институција остануваме доследни на нашата определба да допринесеме во изградбата на квалитетен и практично-ориентиран кадар.

Со почит,

МИТ Факултети.