Новости и Соопштенија

Психологија на староста и стареењето и психосоцијална поддршка на стари лица

 
 
Picture of Мирослав Пендароски
Психологија на староста и стареењето и психосоцијална поддршка на стари лица
by Мирослав Пендароски - Wednesday, 14 November 2018, 3:57 AM
 

На ден 16.11.2018 година (Петок) со почеток во 12 часот во главниот амфитеатар на МИТ Универзитет (кампус Сити Галери-ПлоштадМИТ Факултет за психологија и центар за применета психологија при факултетот, организираат експертско предавање на тема - 

"Психологија на староста и стареењето и психосоцијална поддршка на стари лица".

Предавањето ќе го одржи г-ѓа Татјана Ристова-Димова, психолог од домот за грижа за стари лица - СОНЦЕ од Скопје. Присутни на предавањето ќе бидат и управителот на домот, социјалниот работник и гости кои ќе споделат искуства од праксата. Присуството на студентите по психологија од МИТ факултет за психологија е задолжително а поканети се сите студенти од сите други факултети при МИТ Универзитет, кадарот на факултетот, како и студенти и заинтересирани од сите други сродни установи и организации.