Новости и Соопштенија

Известување за гостинско предавање на Факултет за психологија

 
 
Picture of Невена Цонева
Известување за гостинско предавање на Факултет за психологија
by Невена Цонева - Thursday, 1 March 2018, 10:24 AM
 

Почитувани,

На ден 08.03.2018 година, во 10.30 часот, на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет (објект Сити Галери, Плоштад Македонија), ќе гостува м-р Мирјана Јовановска Стојановска, претседателка на Комората на психолози на Р. Македонија. 

Студентите ќе бидат запознаени со законот за психолошка дејност, процесот на лиценцирање на психолозите, процедурата за полагање на стручен испит, стекнување со лиценца и бенефициите од лиценцирањето.

Присуството на сите студенти од Факултетот за психологија е задолжително, а добредојдени се сите наши алумни и други заинтересирани лица.


Факултет за психологија