Новости и Соопштенија

Покана за предавање - „Појавни форми и безбедносни ризици на високо-технолошкиот криминал“

 
 
Невена Цонева 'ın resmi
Покана за предавање - „Појавни форми и безбедносни ризици на високо-технолошкиот криминал“
yazan Невена Цонева - Pazartesi, 26 Şubat 2018, 9:45 ÖÖ
 

Почитувани студенти,

Ве покануваме да присуствувате на предавање во рамките на клиничката настава во организација на Факултетот за безбедносни науки кое ќе биде одржано од страна на д-р Марија Ѓошева од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија како истакнат стручњак од практиката. 

Предавањето е во согласност со потпишаниот Меморандум за соработка и разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и МИТ Универзитетот и ќе биде одржано на 01.03.2018 година (Четврток) во 11:00 часот во Свечениот Амфитеатар на МИТ Универзитет - Скопје (објект City Gallery - Плоштад).

Во рамките на предавањето кое ќе биде на тема "Појавни форми и безбедносни ризици на високо-технолошкиот криминал" ќе бидат опфатени теоретско-практични аспекти и примери на појавните форми и борбата против високо-технолошкиот криминал, а посебно преку елаборација на компјутерскиот криминал, компјутерските измами, кражбите на идентитет, фалсификувањето на документи, компјутерскиот вандализам, саботажа и шпионажа, подготовката и употребата на компјутерските вируси, хакирањето и сајбер-тероризмот.

Присуството е задолжително за сите студенти на Факултетот за безбедносни науки, а добредојдени се и студентите и наставно-соработничкиот кадар од другите факултети на МИТ Универзитет.

Факултет за безбедносни науки