Новости и Соопштенија

Трансфер на студенти

 
 
Слика од Невена Цонева
Трансфер на студенти
од Невена Цонева - понеделник, февруари 12 2018, 1:45
 

Трансфер со упис на прв и на втор циклус на студии на МИТ Универзитет во летниот семестар во академската 2017/2018 година е во тек. 

Трансфер и упис се врши на следните факултети во состав на универзитетот:

  • Факултет за правни науки,меѓународни односи и дипломатија
  • Факултет за безбедносни науки
  • Факултет за архитектура
  • Факултет за психологија
  • Факултет за менаџмент на еколошки ресурси
  • Факултет за менаџмент

Право на трансфер и упис на студии на МИТ Универзитет имаат сите студенти од други високообразовани установи, кои имале запишано најмалку една 1 академска година или дипломирале на високо образовната установа од која доаѓаат.

Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа.

Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование.

Потребни документи за аплицирање за трансфер за упис:

  • Приемен лист (образец од МИТ Универзитет); 
  • Исписница од високообразовната установа од која се врши трансферот (во оригинал); 
  • Уверение за положени испити (во оригинал); 
  • Диплома за завршено средно образование и сведителства од сите години (за трансфер и упис на прв циклус студии), односно Диплома или Уверение за завршен прв циклус студии (за трансфер и упис на втор циклус);
  • Извод од матична книга на родените; 
  • Уверение за државјанство;
  • Уплата за школарина.

Дополнителни информации може да добиете на contact@mit.edu.mk или 078 268268, 076 319319