Новости и Соопштенија

Известување за кампусот од основачот на МИТ факултетите

 
 
Picture of Admin User
Известување за кампусот од основачот на МИТ факултетите
by Admin User - Wednesday, 25 June 2008, 12:03 PM
 

Почитувани студенти,

Во врска со Вашиот приговор за престојот во студентски кампус Ви го доставувам следниот одговор:

-Жалам што Вие не се придржувате по основниот договор и основниот принцип по кој треба да е препознатлив нашиот и Вашиот МИТ факултет- интегрирање во светските едукативни програми и проекти.

Неспоредливи се Вашите примери за летување во одморалишта Пелистер и Сусањ во кои Вие освен кревет и храна не добивате никакви други услови. Овде станува збор за престој во луксузен хотел со инсталирани телевизори во соба,интернет, здрава и квалитетна храна, користење на базен и спортски терени, организирани бесплатни забави, посета на културно-историски споменици, посета на цркви и манастири, планинарски домови, рибарење со чамеч, слушање предавање и активно учество во дискусии со еминентни предавачи од нашата земја и од странсво,изработка на групни проекти и др.Сето ова по наша пресметка кошта околу 26.500,00 од кои Вие ќе платевте само дел, а останатото го покрива нашата фондација МИТ.Оние кои имаа прилика да бидат на денот на дрвото се уверија во добробитот на фондацијата МИТ.

-Во врска со втората точка употреба на терминот задолжително присуство не само што е прифатлив туку и морален чин, бидејки Вие со потпишувањето на договорот знаевте дека во летниот период се овие активности и Вие сите други Ваши ангажмани требаше да ги прилагодите по извршувањето на студенските обврски.

Единствено Ве разбирам што сите, па и Васите родители имаат финансиски проблеми кои несомнено се пречка за овој неопходен и битен елемент во Вашето школување. Поради тоа секогаш гледав да помогнам на Вас и на Вашите родители, меѓутоа разберете дека нема добро образование и добри стручњаци ако тапкаме во место и ако не ги следиме светските трендови. За секој родител најголема инвестиција е инвестирање во образованието на своето дете, се друго е ирелевантно.

Заради тоа Ве известувам дека овој пат ке ја почитувам Васата молба но не и терминот приговор бидејки не е соодветен, но во истовреме Ве известувам дека наредната година тоа нема да го дозволам. Вие како идни академски грагани, менаџери, инжењери, морате да ги почитувате основните принципи на договори и услови и со заедницки залаганја ке ги надминеме сите недоразбиранја. Во истовреме Ве известувам дека сум запозната и со проблемите кои ќе ги имате во врска со праксата која треба да ја обавувате во Скопје, заради ова на оние студенти кои се со живеалисте надвор од Скопје им советувам практичниот дел да го поместат во септември после отпочнувањето на учебната година со тоа ќе направат помали финансиски трошоци, а за идната година да ни доставите списоци на активни фирми во Вашите градови како би можеле ние со нив однапред да исконтактираме за Ваше прифаќање на практична обука за наредниот летен период.

Ви посакувам убаво лето, многу здравје, љубов и се надевам дека наредната година Јас лично повеќе ќе се ангажирам во Вашата едукација и вонакадемски активности се во интерес за Ваше светско ниво на образование. Ви посакувам да бидете НАЈДОБРИ, да се гордеам со Вас, зашто годините бргу поминуваат, она што сега ке го научите секогаш ќе остане во вашите сеќавања, само со знаење се победува немаштијата, непријателите, само со знаење ќе можете да се соочите со сите предзвици и ке бидете спремни секаде и со секого да се справите, да ги остварите Вашите соништа и сонот на Вашите родители.

ИДНИНАТА ИМ ПРИПАГА НА ОНИЕ КОИ ПРЕДВИДУВААТ, јас секогаш имав визии со голем труд ги реализирав Ви посакувам и Вам да и Вие ги реализирате Вашите Визии.

Со почит,
Билјана Апостолова с.р.