Новости и Соопштенија

Гостинско предавање: Психологијата во социјалната работа - теоретско наследство или инспирација

 
 
Слика од Невена Цонева
Гостинско предавање: Психологијата во социјалната работа - теоретско наследство или инспирација
од Невена Цонева - понеделник, мај 22 2017, 10:08
 

Почитувани,

МИТ Факултет за психологија и Центарот за применета психологија при МИТ Факултет за Психологија ве известуваат дека на 23 Мај 2017 година (вторник) од 10ч -12ч  во амфитеатарот во Аеродром ќе се одржи предавање на тема „Психологијата во социјалната работа - теоретско наследство или инспирација“ од проф. д-р Мариа Доневска.
Исто така ќе се одржи и презентација на книгата „Групна социјална работа“ од авторите доц. д-р Мирослав Пендароски и проф. д-р Мариа Доневска.
Добредојдени се сите заинтересирани, а за студентите (редовни и вонредни) на МИТ Факултет за психологија од сите семестри присуството е задолжително и ќе се смета како присуство на вежби!

МИТ Факултет за психологија