Новости и Соопштенија

Известување за летен кампус

 
 
Слика од Admin User
Известување за летен кампус
од Admin User - четврток, јуни 19 2008, 4:17
 
Согласно режимот за студирање на МИТ Факултетот за информациски технологии и склучениот договор за студирање, член 9, предвидено е научно наставен летен рекреативен кампус.
Оваа учебна година летниот кампус ќе се одржи во хотел во Самоков во 2 смени од по 30 студенти. За точните датуми ќе бидете накнадно известени.
Во рамките на летниот кампус ќе се организираат неколку интересни ИТ семинари и екскурзии до околните локалитети. Цената на кампување изнесува 10.500,00 денари за 7 дена полн пансион (во што е вклучен и превозот од и до Самоков како и екскурзиите) со можност за плаќање на 3 рати.
Присуството е задолжително.


Скопје, 19.06.2008 год.
Декан Доц. Д-р. Јован Пехчевски