Почитувани,
Ве известуваме дека на 19.04.2017 година, во просториите на МИТ Универзитет, објект Аеродром, ќе се одржи работилница на тема: Практичен дел од примена на проективни техники, комплетирање на психолошки наод и мислење. Гостин - Вида Гавриловска, психолог, семеен и системски психотерапевт, од институтот за брак семејство и системска пракса - Алтернатива.
Напомена за студентите: да си носат дрвени моливи и боици.
Предавањето ќе биде со почеток од 12:00 часот во Амфитеатар 1 - Објект Аеродром и е задолжително за сите студенти од Факултет за психологија.
Факултет за психологија