Новости и Соопштенија

Известување за посета на Центарот за управување со кризи за студентите од II (втора) година од Факултетот за безбедносни науки

 
 
Невена Цонева 'ın resmi
Известување за посета на Центарот за управување со кризи за студентите од II (втора) година од Факултетот за безбедносни науки
yazan Невена Цонева - 9 Aralık 2016, Cuma, 10:24
 

Почитувани студенти,

На 13.12.2016 година (вторник) во 10:00 часот ќе се реализира студиска посета на Центарот за управување со кризи, при што ќе имате можност да се запознаете со надлежностите, организациската поставеност и начинот на функционирање на оваа институција како дел од структурата на безбедносниот систем на Република Македонија.

Центарот за управување со кризи, како и Управувачкиот комитет и Групата за процена, е формиран заради предлагање одлуки и обезбедување постојани консултации, координација, навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на ресурсите што се на располагање во случај на кризна состојба, а и за обезбедување навремена, квалитетна и реална процена на загрозеноста на безбедноста на Република Македонија од ризици и опасности. Повеќе информации за Центарот за управување со кризи може да најдете на неговата официјална интернет страница http://www.cuk.gov.mk.

Приемот ќе биде организиран во салата на Управувачкиот комитет, втори кат, ЦУК, ул. Димче Мирчев бр. 9, Скопје.

За таа цел, студентите треба да бидат во 09:45 часот на паркингот пред МВР.

Задолжително е носење на документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа).


Факултет за безбедносни науки