Новости и Соопштенија

Известување за експертско предавање на МИТ Универзитет

 
 
Admin User 'ın resmi
Известување за експертско предавање на МИТ Универзитет
yazan Admin User - 16 Ekim 2015, Cuma, 14:51
 
Почитувани,

Во понеделник, 19.10.2015 година, во амфитеатар 1, објект City Gallery, предавање ќе одржи проф.д-р Вукоман Јокановиќ од Институтот за нуклеарни науки ВИНЧА, Белград на тема: „Нано материјалите и нано технологиите во медицината и медицинските импланти”. Предавањето ќе започне во 12 часот.
Проф.д-р Вукоман Јокановиќ е автор на 120 труда во списанија од СЦИ листа, 34 соопштенија објавени на меѓународни конференции и 50 труда објавени во водечки национални списанија. Автор е и на повеќе монографии како што се: „Наномедицина, најголем предизвик на 21 век”, „Како живеат и умираат клетките во нас”, „Инструментални методи клуч за разбирање на нанотехнологијата и наномедицината”.

Неговите истражувања во полето на регенеративната медицина се сконцентрирани на: скафолди-порозни керамички и композитни структури со опфат на истражувањата врзани за дизајнирање на истите на голем број геометриски хиерархиски нивоа, инкапсулација на лекови, контрола на нивната брзина на отпуштање, специфично дејство во однос на различни видови бактерии, примена во услови на инфламација на околните ткива во однос на дадените коскени импланти, нивен специфичен начин на дозирање независно од видовите на ткивото кое се лечи со непосреден контакт исклучиво со околните ткива, моќност за универзална примена и методологија на изолација и пакување на тенки полимерни структура на различни полимери.
Истражувањата на проф.д-р Вукоман Јокановиќ се исклучително атрактивни и поврзани со другите истражувачки лаборатории во институциите во европските држави и светот.

Со почит,
МИТ Универзитет