Почитувани, во вторник (26 Мај) од 10 часот во Амфитеатар 1 на МИТ Универзитет предавање ќе одржи еден од најпознатите современи ангажирани интелектуалци од Русија, Леонид Савин (Director of social-political programms in the Institute of economics and legislation founded by Russian parliament; Chief editor of Geopolitika magazine; Assistant director of the international department of Tsar Grad TV; Editor of the Journal of Eurasian Affairs magazine; Expert of the Centre of geopolitical research, Strategic Culture Foundation, Moscow, Russia). Главна тема на предавањето е „Денешната геополитика и Балканот, со посебен осврт на психолошките аспекти“. Поканети се сите студенти на МИТ Универзитет, а посебно од Факултетите за Психологија, Правни науки, и Безбедност.
МИТ Факултет за психологија